Taван… Тоа ви е една вечна тема. Не само на нас вљубеници во поткровја, туку и на сите кои го имаат а незнаат што со него. Знаат само дека кога ќе стане поткровје, односно место за живеење, ќе добијат интимен, приватен, изолиран простор – а можеби и повеќе.
Затоа овој блог им го посветуваме баш на тие кои моментално имаат неупотребуван простор и визија, односно слика на веќе уреден таван, и ќе се позанимаваме со чекорите кои ја спојуваат почетната и крајната позиција. Со еден збор тоа ќе го наречеме адаптација.
Под адаптација се подразбираат неколу фази, од кои три се приоритетни: изолација, климатизација и осветлување.
Поткровјето има специфични карактеристики и баш тие го прават поразлично и поубаво од другите стамбени единици, но и тие се неговото најголемо ограничување. Особено горниот дел на куќата и косите кровови се две специфични позиции при адаптација на кровот. Самата близина на кровот е причина да во овој дел температурите се поекстремни во однос на другите делови на куќата, и мора да се посвети особено внимание на изолацијата, климатизацијата и осветлувањето на просторот.
Секако дека за сите три аспекти постои решение! Што се однесува до изолацијата, sидовите обложете ги со врвен изолациски материјал. За завршна обработка изберете декорација по желба, можеби гипсени плочи. Тие просторот ќе го заштитат од влага, и големи амплитуди ладно – топло. Потоа вградете клима уред кој во лето лади, а во зима грее: и на крај проценете колу природно е осветлен поткровниот простор, бидејќи косите кровови го намалуваат продорот на светлина.
За среќа и овој последен аспект има решение. На плафонот направете отвор и вградете големи кровни прозори и осветлете ја целата просторија. Ова се први и најважни прашања кои морате да ги решите, без разлика за каква цел се прави адаптацијата, но во секој случај мора да знаете за што ќе се користи овој најбоемски дел од куќата.
Што се однесува до улогата на просторот, направете избор врз основа на вашите и потребите на останатите членови на семејството. Доколку сте во можност дозволете си дополнителна соба во кој ќе ги задоволите сите ваши желби и задоволства, заборавете на практичност и оформете интимен простор за читање, вежбање, медитирање или слушање музика, а може и џакузи или мини спа, што е моментално најголем хит во светот. Изборот може да падне и на едноставен стил каде кадата е поставена под големиот кровен прозор, со поглед кон небото.
Доколку сакате уште една спална, работна или дневна соба, задоволство ќе ни биде доколку го одберете просторот во поткровјето. Секако дека мора да внимавате како ќе го искористите просторот , со оглед на изворната структура на секој таван, која неможе да ја смените. Мебелот треба да ја следи висината на sидовите, особено ако сакате да ја искористите целата должина на sидовите.
Декорацијата на овој, по многу нешта специфичен простор, е постојана тема во нашите блогови, па може да погледате на нашиот портал кои бои, стилови и материјали одговараат на просторот, и кои правила треба да ги запазите при украсување на поткровјето.
Секако, доколку ви е потребна нашата помош, пишете ни!
Извор : Atquitectura y Reforma