Еден од начините за добивање на дополнително пространство за живеење е трансформирањето на подпокривното простванство во поткровје.
Реконструкција од овој вид треба да се направи според сите норми и стандарди во градежната пракса, иако живењето во поткровје се смета за живеење во просторија со намалена удобност. Кај современите можности поимот “намалена удобност” може да се сведе само на геометријата на поткровните пространства, а прашањата за термо и звуко изолација можат да се решат, дури подобро во споредба со постоечката станбена дел.
Главен проблем при решенија од ваков тип е и дополнителната тежина, што се добива како последица на реконструкцијата. Познато е дека при зголемување на сеизмичките сили со повеќе од 5% при реконструкцијата, зградата треба да се осигура од земјотрес согласно современите стандарди. При постоечкиот зграден фонд осигуран во различен степен на сеизмички влијанија, во многу случаи пречекорување на овие 5% води по себе потреба од зајакнување на конструкцијата и финансиските трошоци во многу случаи стануваат превисоки за сопствениците. Во сите случаи балансот на тежината – (отстранување и додавање на тежини) се врши од страна на овластен конструктор. Тој треба да ја процени и докаже стабилноста на зградата со новите оптоварувања.
Компанијата Кнауф нуди одлични можности за формирање на нови поткровни простори, како и на поправка и реконструкција на стари такви.
Предноста на системските решенија на Кнауф се состојат во:
- Фасадни и преградни ѕидови со тежина неколкупати пониска од таа на ѕидовите изградени на традиционален начин. Малата тежина е поволна, како за подната конструкција на поткровјето, така и за балансот на тежините за кој стана збор погоре.
- Истовремено ѕидовите од системите на Кнауф имаат високи звучни и термо изолациски квалитети кои ги опфаќаат законските барања. Тие се потенки и овозможуваат дополнителни употребливи површини.
- Ѕидовите овозможуваат вградување на лизгачки врати, кои се кријат при отворање и даваат можност за дополнително зголемување на реалната станбена употреблива површина.
- Плочите кои ги произведува компанијата овозможуваат обезбедување на заштита од пожари според европските стандарди за метални и дрвени конструкции. Тие можат да се применат како во суви, така и во влажни простории. Со нив може да се направат облоги на скосените делови и таваните во кои да се вградуваат термо изолациските материјали, за да се постигнат пониски индикатори за губење на топлина. Плочите на хоросанова основа се целосно безопасни и го подржуваат термичко-влажниот режим, кој обезбедува удобност на живеење.
При реализација на таквата одлука возможно е користење на различни извори на финансирање: лични средства, кредити, давање под кирија на поткровниот простор за сметка на други градежни услуги на физички или правни лица.
При изградба на соодветна конструкција, дополнителеното поткровје може да биде изградено со наведените средства дури врз панелна градба при соодветни конструктивни техники.
Трансформацијата на подпокривниот простор во поткровје е само едно од полињата каде компанијата Кнауф може да придонесе за позитивно решение на инвеститорите. Кон сето ова треба да се вклучи и поголемата брзина на извршување на сувата градба, почистата градежна средина и еколошките ефекти при екстракција на основните суровини и материјали.