4 Декоративни техники за ѕидовите во поткровјето
Корисниците на поткровните простори често се идентификуваат со просторот во кој живеат. Пробуваат лесно да го обликуваат на својот карактер и потреби, а почесто и да променат нешто во него, како би освежиле нешто во престојот. Најлесно тое се изведува со промена на бојата на површините кои го опкружуваат просторот, а уште поубав ефект се постигнува, ако новата боја е дополнета со некоја декоративна техника.
Денес ќе посочиме четири декоративни техники, кои можат да се донесат во Вашиот простор преку употреба на квалитетен материјал со точни карактеристики и со доволно вешта рака на искусен молер.
Детално ќе ги погледнеме техниките Дрво, Штуко, Чешел и Рељеф, а за нив ви е потребен следниов материјал и алат:
За најдобри резултати ги препорачуваме материјали од најновата генерација на готови, спремни глет-маси во канти, Кнауф Супер Финиш (Super Finish) и Финитура (Finitura).
НАПОМЕНА: Повеќе детали за Sheetrock програмата на Кнауф (Супер Финиш и Финитура) ќе најдете кај Кнауф техничкиот сервис или на www.knauf.mk
Од алатки, ви препорачуваме:
Штуко глетарка
Гумена “Чешал”-алатка
“Лептир”-глетарка
Мешалка
Повеќенаменски телескопски држач
Јарец
Брусилка
Лопатка (шпакла)
Штуко лопатка
Метален сад за материјал
НАПОМЕНА: Неке не ве демотивира наведената количина на алат. Некогаш, за некои техники доволно е сунѓерче или “трулекс” крпа, за одличен ефект. Погледнете надолу.
Декоративна техника „Дрво“
претходно изглетувано двослојно со Супер Финиш
Еднослојно нанесување на Финитура, со јарец
НАПОМЕНА: За изработка на ваква структура, потребно е еден мајстор да го нанесува материјалот, а непосредно позади него, друг да ја изведува техниката со соодветна гумена алатка.
Изработка на структурата
Оваа алатка може да се најде во подобро снабдените продавници за бои и лакови.
Боење со сунѓер
Симнување на бојата со трулекс крпа
По целосното исушување на Финитурата, целата површина ја боиме со бела латексна боја, за да се намали впивливоста на истата и подобра финализација на ефектот.
Завршната боја (Velatura) се нанесува со сунѓер и кружни движења, а вишокот се отстранува со влажна трулекс крпа, во правец на дрвената структура.
Завршен изглед
Детаљ
ДЕКОРАТИВНА ТЕХНИКА “ШТУКО (STUCCO)”
Висок сјај со мраморен ефект
Подготовка на материјалот
Тонирање во зелена нијанса, без додавање на вода и со мешање до целосна хомогенизација.
Изработка на шарите
За постигнување на бараниот ефект, тонираната Финитура може да се нанесе на два начини – со глетарка од инокс или со штуко-глетарка.
Со глетарка се прават подолги потези, па се добива помал контраст. Овде е прикажана варијанта при работа со штуко-глетарка.
Финитурата се нанесува во помала или поголема количина и по кратко време се отстранува со брз потег во контра насока, што остава ефект на различна обоеност и нијанса.
Со “пеглање” со глетарка, до висок сјај
Висок сјај на ефектната површина се постигнува со извлекување на полусувиот материјал на површината со глетарка без остри агли, а завршно се препорачува и премачкување на целата површина со восок, со што покрај висок сјај се постигнува и целосна водоодбојност на површината.
ЗАВРШЕН ИЗГЛЕД
ДЕТАЉ
ДЕКОРАТИВНА ТЕХНИКА “ЧЕШАЛ”
Модерна структура при адекватно осветлување
Изработка на структурата
Се нанесува Финитура, додека со посебна алатка се нанесува текстурата.
Поголемо прекршувања на светлината се добиваат ако се изведуваат кратки потези во различни насоки.
ДЕТАЛИ ПРИ БОЕЊЕ
БОЕЊЕ
ДЕТАЛИ ПОСЛЕ БОЕЊЕ
По целосно исушување на глет-масата, површината се бои со латексна боја во нијанса по избор.
ЗАВРШЕН ИЗГЛЕД ВО ДВЕ БОИ
ДЕКОРАТИВНА ТЕХНИКА “РЕЉЕФ”
ефект на стар ѕид, на нов начин
Двослојно глетување со Супер Финиш и изработка на структурата
Бидејќи површината е веќе двослојно изглетувана со Super Finish, се нанесува слој од Финитура со дебелина од 2mm.
Во овој слој се втиснува текстурата, така што, горната третина од глетарката се прилепува на слојот и брзо се извлекува.
Површината се бои со сунѓер, а вишокот боја се симнува со трулекс крпа
Латексната боја се нанесува како и кај ефектот “Дрво”. Потоа се нанесува премаз “Velatura”, чиј вишок овојпат се отстранува со кружни движења.
ЗАВРШЕН ИЗГЛЕД
ДЕТАЉ
SUPER FINISH и FINITURA
Набрзина погледнете една кратка презентација на својствата, подготовката и начинот на примена на материјалите