Засекогаш решете ги проблемите со кондензација во поткровјето!
Проблем
Кондензацијата и штетата која таа ја причинува на ѕидовите, мебелот и на сликите е директен резултат од живеењето во современи услови, кој е воден од желбата за потопли и покомфорни простории, како и од потребата за чување на енергија (економичност во потрошувачката на енергија).
Во голем број станбени единици во поткровјата, плафоните и ѕидовите се добро изолирани, вратата и прозорците се добро и квалитетно вградени, старите оџаци се затворени.
Како резултат на тоа се потопли простории, но и многу ограничена вентилација, така што водената пареа која се произведува во текот на вообичаените секојдневни животни активности нема можност да излезе од просторијата и со тоа само се поттикнува кондензацијата.
Што е кондензација?
Воздухот кој нè опкружува секогаш содржи одредено количество водена пареа која е невидлива, исто како што облакот од пареа од чајникот ќе го снема откако ќе биде апсорбиран од атмосферата.
Колку е потопол воздухот, толку повеќе влага тој може да содржи, но доаѓаме до моментот кога на одредена температура воздухот не може да „прими“повеќе влага и тогаш го нарекуваме „заситен“.
Кога тој воздух, заситен со водена пареа ќе дојде во контакт со студени површини, тој се лади и на одреден начин го отфрла вишокот вода кој го носи со себе во вид на фино замаглување на ладната површина или дури и во вид на ситни капки вода.
Пример за ова е исто како кога дувате или издишувате во правец на огледалото и тогаш настанува кондензација, бидејќи е издишан воздух кој е заситен со водена пареа и е потопол од површината на огледалото, кое е на собна температура.
Од каде доаѓа?
ДИШЕЊЕ | За 8 часа спиење, две возрасни лица произведуваат 0,64l вода |
---|---|
ГРЕЕЊЕ | Секој потрошен литар гас за греење, може да произведе 1l водена пареа. Грејачите на цврсти горива произведуваат 0.8l водена пареа по m3 гориво |
ГОТВЕЊЕ | На дневна основа со готвењето се произведува околу 3l водена пареа |
КАПЕЊЕ/ПЕРЕЊЕ АЛИШТА | Капењето и перењето алишта просечно произведува 1.5l вода, а ако алиштата се сушат внатре, станува збор за околу 5l вода на ден |
НОВИ ПРОСТОРИИ | Ако некоја просторија била неодамна реновирана или нова просторија била надградена, градежните материјали, како што се цигли, малтер, вар и слично, може да апсорбираат и до 7000l вода во текот на работите, што подоцна се ослободува во просторијата |
Кондензацијата и вашиот VELUX покривен прозорец
Кога имате вграден VELUX покривен прозорец кој има двократно или трократно стакло, проблемите со кондензацијата ќе бидат помали отколку кај еднослојното стакло во иста ситуација.
Во загреаната, добро изолирана просторија, внатрешната површина на стаклото ќе биде потопла и со тоа ќе се намали ризикот од кондензација.
Меѓутоа, во добро изолирана просторија, стаклото и понатаму ќе биде најстудениот дел, па тука ќе настане кондензација. Не треба да се заборави дека двојното стакло е одличен изолатор, а не извор на топлина.
Така, во несоодветно греена просторија (која содржи количество на влага и водена пареа како и другиот дел од куќата), внатрешното стакло ќе биде со слична температура како и надворешното, што ќе создаде идеални услови за појава на кондензација.
Чекори за редукција на кондензацијата
- Обезбедете соодветна вентилација
Собата да се проветрува на дневно ниво со користење на вентилациски преклоп. Отворете го прозорецот 5-10 минути секој ден, за да овозможите размена на воздухот. - Ограничете го создавањето на влага.
Прилагодете ги механичките отстранувачи на влага покрај шпоретот и рерните. Не дозволувајте во текот на туширањето или капењето топлата вода непотребно да тече. Држете ја затворена вратата на бањата, а прозорецот во бањата отворете го 10-15 минути по бањањето. Темелно проветрете ја облеката за спиење. - Позиционирајте ги радијаторите, печките и слично, под прозорците
Обезбедете континуиран проток на топол воздух преку стаклото на прозорецот со позиционирање на радијаторите непосредно под прозорецот. Оставете одредени извори на топлина перманентно под прозорецот во текот на студените денови. - Греење и вентилација
Во новиот станбен објект или надградба, реновиран објект, посебно обрнете внимание на следното. Отворајте ги прозорците во текот на сувите, сончеви денови и одржувајте повисока температура отколку вообичаено.
Одржување на вашиот VELUX покривен прозорец
Со придржување кон горенаведените упатства, кондензацијата во вашата просторија во поткровјето би требало значително да се намали, но ако кондензацијата сепак претставува проблем, соодветниот третман на вашиот VELUX покривен прозорец би бил следниот:
- Појавата на габи и нивното ширење треба да се запре со употреба на средства за стерилизација
- Измијте добро со чиста вода и, откако целосно ќе се исуши, истријте со шмиргла со средна густина
- На крајот прелакирајте со лак на водна основа или со некоја друга заштита за дрво
Не заборавајте секогаш да работите на превенција на кондензацијата, инаку проблемот повторно ќе се појави. Исто така, немојте да заборавите дека шарките и механизмите на вашиот VELUX покривен прозорец треба да се подмачкуваат и дека е потребно повремено филтерот да се извади и да се исчисти со топла вода и сапун најмалку двапати годишно.
Еднаш годишно, најдобро наесен, опшивката околу прозорецот од надворешната страна треба да се исчисти од лисја и други механички пречки кои се натрупале во текот на годината, за да може водата од покривот и околу прозорците непречено да истекува.