Дали стаклената волна е безбедно решение за изолација на Вашето поткровје?
Историја на стаклената волна
Настанокот на стаклените влакна се поврзува со другата половина на XIX век, а почетокот на производството на стаклената волна со 1938 година. До ’90 години на XX век, стаклената волна претставуваше проблематичен градежен материјал, бидејќи во некои случаи содржеше азбест и беше на списокот на канцерогени материјали.
Во периодот до 2009 година најголемиот број на произведувачи ја унапредија својата технологија и ја вратија стаклената волна на местото кое и припаѓа– како неизбежен изолационен материјал со добри карактеристики, особено во преградните ѕидови и во поткровјата.
Меѓутоа, во 2009 година навистина се случи револуција – Knauf Insulation је претстави новата генерација на стаклена минерална волна, со ECOSE® Technology. На тој начин, еден стар, традиционален производ, доби ново руво и го почна својот нов живот, целосно во согласност со модерните времиња.
Во што е тајната на новата стаклена минерална волна со ECOSE® Technology?
Токму во технологијата на производство!
ECOSE® Technology е патентирана технологија на Knauf Insulation и подразбира производство на стаклена минерална волна со користење на поврзувачи кои во себе не содржат формалдехид, фенол, вештачки бои, адитили или акрили.
Овие поврзувачи се производи од природни материјали кои во опкружувањето ги има во изобилство. Функцијата на поврзувачот е идентична како и кај старите поврзувачи на база на формалдехид- тоа ги поврзува влакната, истовремено обезбедувајќи ја цврстината, долговечноста и еластичноста која ја бара индустријата на изолационите материјали.
Како ECOSE® Technology придонесува за квалитетот на стаклената волна ?
Освен најголемата предност – што пред себе имате целосно природен материјал, бројни се дополнителните придобивки:
- Волната е помека на допир (познато е дека стаклената волна може да предизвика краткотрајна блага иритација на кожата – со ECOSE Technology оваа појава е сведена на минимум)
- Помалку се напрашува при сечењето
- Нема мирис (многу изведувачи се жалат на непријатниот мирис на стаклената волна – волната со ECOSE Technology го елиминира овој проблем).
Зошто е подобро да се користат производи кои не содржат формалдехид?
Иако големиот бројот на тестирањата кои се преземени од страна на независни стручни лаборатории во многу држави покажа дека сите производи од минерална волна содржат занемарлив извор на формалдехид во зградите и дека поради тоа не претставуваат ризик за вработените или за работниците кои се занимаваат со вградувањето, употребата на ECOSE Technology во целост го елиминира формалдехидот од синџирот на снабдување и ја зголемува довербата во користењето на минералната волна.
Како да ја препознаете стаклената минерална волна со ECOSE® Technology?
Многу лесно!
Ова е единствената стаклена минерална волна на светот која има природна земјено-кафена боја! Токму од таа причина се пакува во проѕирна фолија, за да се разликува од другите и на прв поглед.
Кафената боја е добиена на природен начин, без додавање на бои и пигменти.
Зошто оваа волна е подобра од традиционалната жолта волна?
Затоа што нуди поголемо ниво на одржливост во однос на стандардните производи.
Што значи тоа?
Сите Knauf Insulation производи самите по себе се оджрливи – содржат висок процент на рециклирани и обновливи материјали и при употреба штедат стотина пати повеќе енергија, отколку што е потребно за нивното произведување. Производите со ECOSE Technology нудат уште поголемо ниво на одржливост, затоа што:
Кои сертификати ги поседува стаклената минерална волна со ECOSE® Technology?
Откако беше лансирана во 2009 година, производното портфолио на стаклената минерална волна со ECOSE Technology доби неколку заслужени признанија и награди во голем број земји. Издвојуваме неколку најважни:
Eurofins Gold – март 2010 година.
EUROFINS Indoor Air Comfort GOLD – Златната ознака за квалитет на внатрешниот воздух. Eurofins Indoor Air Comfort сертификационата програма ги комбинира критериумите на задолжителните и на доброволните регулативи, одредени од страна на националните сертификациони организации и приватните сертификациони тела, како што се Blue Angel, M1, AgBB, AFSSET и други.
GOLD / ЗЛАТНАТА ознака потврдува дека производот ги исполнува највисоките можни стандарди во одредена група на производи кои се однесуваат на квалитетот на внатрешниот воздух; исто така, обезбедува усогласеност со која било ревизија од трети страни која може да следи.
Blue Angel – октомври 2010 година.
Сертификатот Blue Angel потврдува дека стаклената минерална волна со ECOSE® Technology поволно влијае врз животната средина и има ниски емисии.
Children and Schools Green guard & Formaldehyde free – април 2011 година.
Green guard сертификацијата на квалитетот на внатрешниот воздух подразбира дефинирање на материјалите со ниски емисии за средината каде луѓето, а особено децата и чувствителните возрасни лица, поминуваат поголем дел од своето време. Тука припаѓаат училиштата, просториите за дневна нега, здравствените установи, куќите и работните простории.
Сертификацијата се темели врз критериумите кои ги користат:
- Американската агенција за заштита на животната средина
- Светската здравствена организација
- Американската агенција за здравје и безбедност на работното место (OSHA)
- Државата Вашингтон
Списокот на сите награди, сертификати и признанија можете да го погледнете тука.
Да заклучиме
Стаклената минерална волна со ECOSE Technology ги носи сите поволности на кои веќе сте навикнале.
Задржани се особините на топлотна изолација, отпорност на пожар, класата на негорење A1, звучната изолација, апсорпцијата на звукот и механичките особини, како и содржината која може да се рециклира, со поголема долговечност на производот.