• 7 важни причини зошто треба да имате надворешна тенда во поткровјето

1. Затоа што брзо и лесно се вградува од просторијата

Надворешните тенди со рачно управување лесно се вградуваат од внатрешната страна на надворешната страна на вашиот VELUX кровен прозорец.

2. Затоа што предизвикува таканаречен ефект на чадор за сонце

3. Затоа што ја намалува топлината за 73%, а го дозволува протокот на свеж воздух

4. Затоа што не замрачува и не го блокира погледот на околината со истовремено пропуштање на светлоста во внатрешноста на просторијата

5. Затоа што е отпорна на дожд и ветер, бидејќи е направена од специјален материјал и доколку правилно се користи – се смести во своето куќиште во текот на зимата, може да трае со години

6. Затоа што штити од оштетување: на прозорецот, внатрешната ролетна, подот и намештајот во поткровјето

7. Затоа што обезбедува заштеда на енергија поради намалената потреба од разладување со клима уредите

Постојат ситуации кои не дозволуваат компромис!
Живеете во поткровје, а имате бебе – спас за вас е VELUX надворешната тенда, бидејќи тогаш клима уредите и другите опции за разладување не се најоптимално решение.

Комфор пакети

Со комбинирање на надворешната и внатрешната заштита обезбедуваме најдобра можна контрола на дневната светлина и топлина 24 часа, сите 7 дена во неделата.

Надворешните тенди се ефективно решение за сите простории во вашиот дом во поткровјето: дневна, спална, детска, работна соба и кујна.

Погледнете ги во овој краток филм сите придобивки кои ги добивате со вградување на овие надворешни тенди.

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2024. Развиено од My Marketing