• Дневна светлина онаму каде што мислевте дека е невозможно!

Дневната светлина игра многу важна улога во нашиот секојдневен живот и од секогаш била значаен фактор во начинот на кој се однесуваме кон дизајнот и декорацијата на просторот под кровот.

Избираме различни извори на светлина за различни простории во нашиот дом, на тој начин создавајќи соодветен амбиент  за активностите кои се одвиваат во нив. Понекогаш е тоа светлината на ламбата, на свеќата, светилката, а понекогаш ни е навистина неопходна дневната светлина.

Често во нашиот дом постојат простории до кои токму дневната светлина не може никако да дојде, а тоа би било повеќе од пожелно …

Новиот светлосен тунел VELUX ја носи силата на дневната светлина во областите кои досега беа лишени од неа,  како што се ходниците, бањите, гардеробите, оставите.

Светлосниот тунел ги спроведува светлосните зраци од кровот и ги доведува во вид на светлина до внатрешниот простор. Новата туба на светлосниот тунел не донесува само светлина, туку и чувство на природа во просториите кои досега немале такви можности.

Природната светлина внесува живот во просториите на начин на кој ламбата тоа едноставно не го може.

Доживејте ја промената на светлоста во текот на различните сезони и делови на денот каде било во вашиот дом со  светлосниот тунел VELUX.

Можете да додадете VELUX туба за светлосен тунел каде било, потребно е само растојанието помеѓу кровот и плафонот да изнесува 6 m или помалку.

Ходници, кујни, бањи, спални и работни соби – единствено ограничување е вашата фантазија!

Погледнете како изгледа тоа во текот на денот

VELUX свитливата и несвитливата туба на тунелот овозможува флексибилно вградување.

  • Светлосниот тунел со свитлива туба е идеален за ситуации кога аголот помеѓу кровот и плафонот е премногу мал за тунел со несвитлива туба.
  • Тунелите со несвитлива туба ги спроведуваат директните сончеви зраци, бидејќи се поставени така што плафонот е директно под надворешниот отвор.

Светлосен тунел со свитлива туба TCF

Карактеристики на производот:

  • Се препорачува за растојание од 0,2 до 0,9 m помеѓу кровот и плафонот.
  • Долга 1 m, исклучително рефлектирачка, флексибилна туба со пречник од 35 cm.
  • Лесно се вградува.
  • Лесно склопувачкиот дифузер доаѓа во комплет со матирачката поликарбонатна изолациона рамка.
  • Надворешниот рам е од PVC,  а куполата може да биде поликарбонатна или акрилна.

Светлосен тунел со несвитлива туба TCR

Карактеристики на производот:

  • Се препорачува за растојание од 0,8 до 6 m помеѓу кровот и плафонот.
  • Тубата со должина од 1.7 m може да се продолжи со помош на несвитливиот продолжеток ZTR за поголеми растојанија, а истовремено го обезбедува соодветното ниво на дневна светлина кое е потребно. Се испорачува со 2 лакт споеви.
  • Продолжетоците може да се комбинираат и надоврзуваат до 6 m должина.
  • Несвитливата туба има пречник од 35 cm.
  • Високорефлектирачкиот слој во внатрешноста на тубата има процент на рефлексија од 98%.​
  • Лесно склопливиот дифузер доаѓа во комплет со матирачка поликарбонатна изолациона рамка.
  • Надворешниот рам е од  PVC, а куполата е акрилна.

Природната динамика на дневната светлост внесува живот во вашиот дом на специфичен начин кој не може да го замени обичната светилка.

Внесете ги пролетните зраци на сонцето во просториите за кои тоа не сте ни можеле да го замислите или дозволете им на летните зраци да го истакнат вашиот дом на најдобар можен начин. Сончевите зраци не се единственото што ќе го доживеете.

Промената на времето, смената на облаците, па дури и месечевата светлина светлосниот тунел може да ги рефлектира и да даде потполно ново и единствено доживување во вашата нова, „жива“ просторија.

Лукс калкулатор

  1. Локација

Одредете ја локацијата на вашиот град со кликање на мапата. Градовите се позиционирани во рамките на повеќе појаси со слична географска ширина.  На мапата се обележани само поголемите европски градови.

  1. Просторија

Потребно е да се дефинира типот на просторијата во која сакате да вградите светлосен тунел, а понудените опции се: канцеларија/работна соба, бања, ходник, скали, гардероба, соба за забава/работилница.

Потоа потребно е да ги впишете димензиите на просторијата. Исто така, е важно да ја изберете ориентацијата, како и закосувањето на кровот во кој сакате да вградите светлосен тунел VELUX. Важни податоци за пресметката се и растојанието од површината на кровот до таванот во просторијата  (+/- 0,5m) и типот на кровниот покривач.

  1. Резултат

Lux калкулаторот ќе ви ја одреди препорачаната количина на светлина за просторијата со параметрите кои сте ги впишале во претходниот чекор и ќе ви даде препорака и совет за типот на светлосниот тунел за дадениот случај со препорачаната цена на производот.

Исто така, ќе добиете и информација за количината на светлината изразена во Lux-ови, Lumen-и или бројот на светилки од 60 W во просторијата за различни временски прилики: сончево, делумно облачно, облачно.

  1. Вградувања

Резултатот можете да го отпечатите, да го пратите по електронска пошта, а можете и да се информирате за местата на продажба и вградување на овој производ, како и дополнителната опрема за светлосниот тунел VELUX.

https://www.velux.rs/st-slope

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2024. Развиено од My Marketing