Неодамна пишувавме за поставувањето на аголни лајсни, и во тоа упатство споменавме некои од препорачаните алати кои ќе ви ја забрзаат и олеснат оваа работа.
Сега ви претставуваме цел сет од алати за завршни работи при уредувањето на поткровјето:
Шпатула
Со традиционален облик и дизајн, со гумирана дршка отпорна на лизгање и со сечило направено од квалитетен не’рѓосувачки челик.
Матрикс шпатула
Нов дизајн и зголемено сечило.
За оние кои сакаат модерен и масивен изглед на алатот. Сечилото е направено од висококвалитетен не’рѓосувачки челик.
Достапни се 3 димензии: 245mm, 305mm, 356mm.
Sheetrock глетарки
Единствени глетарки за совршени резултати.
Овозможуваат глетување на поголеми површини со намалено трошење на време и сила. Сечилото е од не’рѓосувачки челик, исклучително е флексибилно, со надолни рабови.
Достапни се во 4 димензии: 450mm, 600mm, 800mm и 1000mm.
Држач за глетарки
Наменет е за глетување на ѕидни и плафонски површини со употреба на sheetrock глетарка.
Предностите се: лесно монтирање на глетерката, можност за регулирање на аглите на глетувањето, итн.
Покрај овие особини држачот може да се извлече до 2m, па на тој начин е можно глетување на плафонските површини од земјата и тоа без употреба на скала.
Миксер
Професионалниот миксер е направен од масивен челик, со специфичен облик, овозможува и до 20% побрзо мешање на материјалот.
Благодарение на единствениот облик овозможено е воедначено мешање на материјалот од дното кон врвот на кантата, без истурање и неред.
Сад за материјал со држач
Направен е од висококвалитетен не’рѓосувачки челик, има заоблено дно, што овозможува подобро и полесно вадење на материјалот.
Соодветна е за полнење или глет маси, кај полнењето на споеви, крпење на пукнатини или глетување на помали површини.
Држачок кој е направен од анатомски обликувана гума спречува лизгање на раката, и штити во екстремни услови.
Гипсерски тестер
За ефикасно сечење на гипс-картонски плочи.
Агресивните заби на тестерот се наменети за брзо сечење, а лесната гумирана дршка овозможува удобност и безбедност во текот на работата.
Сад (Hopper) и ролер за лајсни на рабовите
Уникатен сад со жлеб и чешли кој го ослеснува поставувањето на Sheetrock лајсните, како надворешни, така и внатрешни
Садот е направен од висококвалитетна пластика и не’рѓосувачки челик. Исклучително лесно се мие по употребата, а при поголеми паузи во работата нема да дојде до здрвување на материјалот во него.
Ролер за лајсни на рабовите – Се состои од 4 гумирани нелизгачки ролерчиња кои овозможуваат натопување на рабните лајсни во материјалот и поставување на лајсните во положба од 90°.