Видео – Изолација на косиот кров од надворешна страна
Треба да го изолирате поткровјето – а не сакате ништо да менувате?
Имате прекрасно поткровје, сте се потрудиле околу ентериерот, се гордеете со гредите кои на просторот му даваат рустичен изглед…
Дополнително, косините во поткровјето се токму онакви како што посакувате, просторот е ограничен и каква било промена би ја загрозила вашата удобност.
Од друга страна, свесни сте дека е крајно време да вградите изолација, бидејќи, што вреди целиот тој пријатен ентериер, кога преку зима никако не можете да го згреете просторот, а летно време никако доволно да разладите, иако климата работи и ноќ и ден?
За среќа, постои решение – поткровјето може да се изолира и од надворешната страна!
На тој начин сè што сте направиле за своето поткровје ќе остане недопрено. И дополнително, значително ќе заштедите на просторот, бидејќи, мора да се признае дека големата дебелина на изолацијата која е неопходно да се стави во кровната конструкција често оди на штета на просторот.
Ако е ова вашиот случај, погледнете тука што ви е потребно од материјал: https://moetopotkrovje.mk/pronajdete-go-vasiot-tip-na-pokriv/– тип на кров број 5.
А како изгледа тоа во праксата – најдобро ќе ви покаже видеото. Се работи за една од можните варијанти за поставување изолација од надворешна страна. За сите дополнителни објаснувања и информации, контактирајте со нас преку формуларот на крајот на страницава.