Декорирајте го своето поткровје со боите на иднината!
VELUX лансираше нова колекција на ролетни 2015 во соработка со агенцијата Trend Union
Боите се важен дел на животот. Тие го одредуваат нашиот поглед на светот, стилот на нашето облекување и начинот на кој ќе го декорираме нашиот дом. Секако, бојата е најважна кога се работи за новата колекција на ролетни за поткровни прозорци VELUX.
VELUX, во соработка со водечката европска агенција за трендови Trend Union, осмисли и лансираше целосно нова колекција на ролетни.
Оваа колекција покрај веќе постојните типови на ролетни ја сочинува и целосно новиот тип на ролетни – римски ролетни. Секој тип на ролетни е достапен во класични, но и во визионерски дезени и бои, па Вашето поткровје сега можете да го декорирате со најмодерните бои и ткаенини на иднината.
Вложувањето во новите парчиња за куќата често е битка помеѓу класичниот стил и најновите трендови. Сите ние сакаме да бидеме во тренд, но исто така не сакаме да го менуваме ентериерот на истекот на секоја сезона, па, главно, се определуваме за сигурен избор кога се во прашање боите и формите.
Меѓутоа, кога се работи за ролетните, сигурен избор дефинитивно повеќе не значи и конзервативен избор.
Како глобални лидери на пазарот, групацијата VELUX е експерт за поткровни прозорци и ролетни за поткровни прозорци и, како таков, постојано сака да ги помести границите кога станува збор за нивниот дизајн.
Оваа сезона, компанијата работи заедно со водечката глобална агенција Trend Union, претставувајќи ја темната боја за новата колекција на ролетни за 2015 година, која е елегантна и класична, но и смела и современа.
Стоте различни бои и ткаенини кои ја сочинуваат оваа колекција се избрани од страна на агенцијата Trend Union и се прилагодени на различните животни стилови и на европскиот изглед.
Агенцијата Trend Union врши предвидувања и води сметка за тоа секоја ткаенина да биде во тренд со години, а исто така ги позиционира и ролетните како модерни додатоци кои се во тренд заедно со перничињата, теписите и прекривките.