• Каменa минерална волна од Knauf Insulation

Изолација на фасада со каменa минерална волна ОД KNAUF INSULATION

Топлинските загуби во надворешните ѕидови на зградата достигнуваат до 40% од вкупните топлински загуби во една неизолирани зграда. Поради оваа причина положувањето на топлинска изолација на надворешните ѕидови секогаш е првиот чекор за подобрување на нејзината енергетска ефикасност.

Прашањето со изборот на изолација е исклучително важен, не само затоа што се прави сериознa и долгорочнa инвестиција. Посуштинската причина е дека по завршувањето на градежните работи човек поминува значителен дел од својот живот во оваа зграда. Дали е важно како и со какви материјали сме ja направиле фасадната изолација? Да многу! Природните изолациски материјали создаваат пријатна микроклима и удобност, дозволувајќи им на ѕидовите да дишаат. Статистиката покажува дека во изолираните со природни материјали простории работоспособноста е повисока, а морбидитетот намалува – ова се должи на повисоката кондиција и отпорност на имунолошкиот систем на организмот во природна и здрава средина на живеење.

Каменaтa минерална волна на Knauf Insulation е пример за таков природен термоизолациски материјал. Таа се произведува од камења со вулканско потекло – доломит и диабаз. Потеклото на материјалите и постојаната и прецизна контрола во текот на производството гарантираат одличен квалитет, трајност и зачувување на својствата во времето во системот на контактната фасада. Подобрувањето низ годините на изолациските (λ = 0,034 W / mK) и механичките карактеристики на камената волна на Кнауф Инсулейшън и припишуваат првенството по квалитет меѓу фасадните изолациски производи.

КОНТАКТНА ФАСАДА – ПЛОЧИ ОД МИНЕРАЛНА ВОЛНА

  1. Надворешен ѕид;
  2. Лепак за камена минерална волна;
  3. Камена волна FKD-S Thermal / FKD-N Thermal;
  4. Шпилка со челична шајка, KI LFM / KI LMX;
  5. Кит за камена минерална волна (I слој);
  6. Knauf Insulation стакло-текстилна мрежа;
  7. Кит за камена минерална волна (II слој);
  8. Грунд за малтерисување
  9. Малтерисување;
  10. Дополнителни елементи за контактна фасада, профили Knauf Insulation.

КОНТАКТ ФАСАДИ – ЛАМЕЛИ ОД МИНЕРАЛНА ВОЛНА

  1. Надворешен ѕид;
  2. Лепак за камена минерална волна;
  3. Камена волна FKL Thermal;
  4. Кит за камена минерална волна (I слој);
  5. Knauf Insulation стакло-текстилна мрежа;
  6. кит за камена минерална волна (II слој);
  7. Грунд за малтерисување;
  8. Малтерисување;
  9. Дополнителни елементи за контактна фасада, профили Knauf Insulation.

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ СВОЈСТВА на камената минерална волна

 

Покрај главната цел – да се постигне термичка удобност, камената волна на Knauf Insulation поседува дополнителни неспорни квалитети, исклучително важни за безбедноста на зградата и удобноста во просториите: заштита од пожар, звучена удобност, пропустливост на пареа, отпорност на димензиите (трајност), ја зголемува вредноста на зградата (односно при евентуална продажба инвестицијата се враќа):

  • Заштита од пожар – 50% од смртните случаи при пожари се резултат на вдишување на чад и отровни гасови, одделени од согорувањето, 90% од своето време луѓето поминуваат во згради, 90% од пожар избиваат во згради, 3 минути се доволни пожарот да се прошири низ целата соба, бидејќи во денешно време зградите содржат повеќе запаливи материјали, од кога и да било. Оваа статистика на Fire Safe Europe е уште еден доказ дека едено од најважните прашања кои се однесуваат на безбедноста и заштитата на човечкиот живот при престој на зградата е заштитата од пожар. Камената волна е материјал со висока класа по реакција на оган – А1. Таа издржува над 1000 °C, пред да почне да се топи. Дури и кога се ставаат други материјали за изолација, камената волна се користи како бариера против ширењето на евентуален пожар во зградата. Во задолжителните за поставување по закон ленти од термичка изолација со класа по реакција на оган А1 или А2 (Наредба № Iз-1971 од 29.10.2009 г. за градежно-технички правила и норми за обезбедување на бeзопасност при пожар).
  • Термичка удобност – одличната топлинско изолациски својства на материјалот овозможуваат да имаме термичка удобност дома и во зима (ја задржува топлината внатре во домот), и во текот на летото (го спречува навлегувањето на топлината во домот). Новите генерации минерална волна со подобрен коефициент на топлинска спроводливост λ (од 0, 034 W / mK) обезбедуваат одлична термозаштита и се прилагодени на сите видови основни ѕидни конструкции (решеткасти керамички тули, бетон, газобетон …).
  • Звучена удобност – за непријатниот шум кој продира однадвор се замислуваме, дури кога ќе го слушнеме во собата. Освен што ни го нарушува спокојот и продуктивноста, бучавата може да има и негативно влијание врз нашето здравје. Зголемените децибели не го оштетуваат само слухот, но влијаат негативно и врз целиот човечки организам: доведуваат до покачување на крвниот притисок, ги зголемуваат тензиите и раздразливоста, предизвикуваат хроничен замор. При термичка изолација со камена волна, таков проблем не постои – стотиците илјади влакна, од кои е изградена таа, ја апсорбираат целосно во себе бучавата, како од животната средина, така и од живеалиштето, односно освен топлинска изолација, се обезбедува и звучна изолација при истата инвестиција.
  • Пропустливост на пареа или така наречениот Ѕид што дише – и конечно, значајна разлика во карактеристиките на камената минерална волна спрема другите топлоизолациски материјали е нејзината пропустливост на пареа – преку ѕидовите се обезбедува дифузија на водената пареа, или како што се вели – ѕидовите “дишаат” и тоа го спречува создавање на кондензација. Оваа карактеристика е определена од коефициентот на дифузниот отпор на водената пареа (μ). Помала вредност значи подобра пропустливост на водена пареа. Добар ориентир е вредноста на овој коефициент на воздух – μ на воздухот = 1, за камената волна μ = 1.2, односно прилично блиску до онаа на воздухот, за разлика од другите фасадни топлоизолациски материјали кај кои овој коефициент надминува 200. Од оваа споредба, станува јасно дека дифузијата на водената пареа низ ѕидови, изолирани со камена волна, може да се врши беспрекорно, поради што и квалитетот на воздухот во внатрешноста на просториите дефинитивно е подобар во споредба со системите кои се изградени исклучиво од паронепропустливи материјали. Тоа е од огромно значење особено при санирање на постоечки објекти, каде што е потребно овој процес да се одвива и по поставувањето на термоизолацискиот материјал во системот на контактната фасада.
  • Отпорност на димензиите и својствата – плочи од камена минерална волна не содржат во себе остаток на производствен гас, кој би можел да предизвика губење на обем и промена на димензиите во текот на годините експлоатација на фасадата. Структурата добиена при топење на вулкански камења е практично вечна, а тоа ги прави вечни и својствата на фасадната изолација со камена волна.

Но, најголемата предност на камената волна Knauf Insulation пред сите други изолациски материјали не е ниту едно од наведените погоре квалитети. Она што ја прави камената волна уникатен и најпосакувана изолациски производ е фактот дека таа ги поседува сите овие квалитети во едно, односно при еднократно поставување на изолација со камена волна ги добиваме сите наведени својства во едно, додека постои зградата и ние живееме во неа.

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2025. Развиено од My Marketing