СТАР – НЕУРЕДЕН КРОВ
Ако кровот воопшто не е уреден за престојување и со изолацијата на поткровјето тргнуваме од почеток – значи стариот таван го претвораме во место за престојување – се сретнуваме со ситуација која е слична како кај новоградбите.
Најчестата разлика е во тоа што не постои вентилационен канал, ниту секундарна покривка – фолија. Ако плочата е дотраена, најдобро е да се замени и истовремено над роговите да се вгради соодветна фолија (Homeseal LDS 0.02) и летви за проветрување.
На следниве илустрации можете да видите таква ситуација во две варијанти:
Слика 1: вентилиран кос кров – дрвен кров со подлога од даски
- Паропропусна- водонепропусна фолија Homeseal LDS 0.02
- Knauf Insulation камена минерална волна за коси кровови NaturBoard FIT PLUS 10-16cm
- Knauf Insulation стаклена минерална волна за коси кровови Unifit 035 или Ekoroll, 12-18cm
- Активна парна брана Homeseal LDS 5
Слика 2: вентилиран кос кров – дрвен кров без подлога од даски
- Паропропусна- водонепропусна фолија Homeseal LDS 0.02
- Knauf Insulation камена минерална волна за коси кровови NaturBoard FIT PLUS 10-16cm
- Knauf Insulation стаклена минерална волна за коси кровови Unifit 035 или Ekoroll, 12-18cm
- Активна парна брана Homeseal LDS 5
Во случај уште некое време да немаме намера да ја менуваме плочата, а во првобитното градење да не е направен вентилирачки слој, ниту е поставена кровна фолија, можна е симулација на систем на проветрување.
Таквата опција со прецизна изградба може да биде сосема коректна и функционална, но може да се случи долу да ни снема простор за доволно дебела изолација.
Слика 3: кос кров – санација од внатрешната страна
- Паропропусна- водонепропусна фолија Homeseal LDS 0.02
- Knauf Insulation камена минерна волна за коси кровови NaturBoard FIT PLUS 10-12cm
- Knauf Insulation стаклена минерачна вода за коси кровови Unifit 035 или Ekoroll, 12-18cm
- Активна парна брана Homeseal LDS 5
Доколку сакаме да го изолираме постоечкиот кров, а тоа не можеме да го направиме од внатрешната стана – за да не ја намалуваме висината и косината на површината на поткровјето или не сакаме да го нарушиме веќе складно уредениот ентериер, во тој случај идеално решение е – санација од надворешната страна на поткорвјето.
Предноста на оваа санација е во исклучителната брзина на изведување, одличните перформанси, посебно во летниот период и ненарушување на просторот за живеење.
На страницата „Изолација на кос кров од надворешна страна“ можете да ја погледнете анимацијата за вградување на ова совршено решение.
Слика 4: кос кров – санација од надворешната страна
- Паропропусна-водонепропусна фолија Homeseal LDS 0.02
- Knauf Insulation камена минерална волна за коси кровови NaturBoard FIT PLUS 10-12cm
- Knauf Insulation стаклена минерална вода за коси кровови Unifit 035 или Ekoroll, 12-18cm
- Активна парна брана Homeseal LDS 5
СТАРО – УРЕДЕНО ПОТКРОВЈЕ
Ако кровот е веќе уреден и веќе има вградено топлотна изолација со завршна облога, потребно е најпрво да се провери каква е состојбата на постоечкиот материјал.
Следи одлука од која страна ќе го направиме обновувањето и од тоа, исто така, зависи со какви материјали. Ако утврдиме дека постоечките материјали се лоши или оштетени, тогаш е најдобро да пристапиме кон целосно обновување, па повторно се враќаме на истиот чекор, односно скиците 1 и 2.
Ако внатрешната облога е добра и станот под неа е функционален, а е потребно да се замени плочата, тоа е идеална можност за доработка и подобрување на изолацијата на кровот. На скицата 4 можете да видите можност за доработка на кровот од горната страна. Тое е иделано решение без интервенција од внатрешниот простор и може да претставува нестандарднотоплотно-изолационо решение на кровот.
Сите производи претставени на сликите се дел од LDS изолациониот систем Knauf Insulation за лесни коси кровови и со правилно вградување претставуваат топлотна, пожарна и звучна заштита заедно со задолжителните својства на заптивност и паро-пропусност.