Во современите објекти има сè повеќе инсталации и сервисни елементи кон кои во подоцната експлоатација е потребен пристап.
Тие најчесто не го сочинуваат пожелниот дел од ентериерот, поради што постои тенденција да се обложат или скријат во некој од елементите на ѕидот, плафонот, поткровјето или некои други облоги.
Ревизионите отвори се поставуваат за да овозможат постојан и непопречен пристап до тие елементи.
Ревизионите отвори се вградуваат во различни големини. Покрај примената во изградбата на станови, наоѓаат и широка примена во индустриските објекти и во јавните објекти– во продажните простори, изложбените хали, рестораните, работилниците, магацините…
По потреба ревизиите можат да бидат и отпорни на пожар. Правилно вградената ревизија ги задоволува и функционалните и естетските барања.