Направи сам – Декоративна техника Тravertino Romano – Упатство чекор по чекор

Потребен материјал за изработка на декоративна техника:

  1. Подлога – Кnauf Grund
  2. Knauf Thermowhite
  3. Knauf SP Color
  4. Завршен транспарентен премаз (Velatura).

Чекори:

1. Грундирање на површината со Knauf Grund.

Грундот може да се нанесува со ваљак или четка на исчистена површина од прав, маснотија и неврзани делови.

2. Матење на материјалот Thermowhite

Maтеријалот треба да се мати двапати. Прво треба да се размеша со вода и се остава 15-20 мин. да одстои и потоа повторно се промешува.

3. Нанесување на Тhermowhite на изгрундирана површина.

Материјалот може да се нанесува еднослојно со дебелина од 2-3 мм или двослојно (2х1мм), но откако првиот слој ќе се исуши. Откако материјалот ќе се исуши потребно е со хоризонтални движења на глетарицата да се измазни материјалот за да се добие рамномерно разпределување на материјалот.

4. Правење на шари со декоративна техника Travertino Romano

По измазнувањето на материјалот си посебна алатка глетациза за декорирање се изработува шара и тоа со втиснување на алатката со Knauf Thermowhite.
Oткако материјалот ќе се просуши со хоризонтални движења со глетарицата го измазнуваме вишокот кој се создал како последица на притискање на плотната.
Идеално време за финално измазнување со глетарка е кога материјалот ќе престане да се лепи за алатката.

5. Боење на површината со силиконска боја Knauf SP Solor

Улогата на оваа боја е да ја намали впивливоста на материјалот Thermowhite, да обезбеди идеално бела површина и го зголеми времето за последниот чекор на декорирање – нанесување на Velatura.
SP Color се нанесува кратко со завршен ваљак во два слоја со потполно распеглување на вишокот од боја. Препорачаното време на сушење помеѓу два слоја е 12 ч.

6. Нанесување на Velatura

Откако SP Color потполно ќе се исуши, се пристапува кон нанесување на Velatura. Velaturа се разредува 30-70%, во зависност од временските услови (температура, влажност на воздухот).
Може да се нанесува со четка, ваљак или сунѓер, По нанесувањето виѓокот се испира со влажна крпа или сунѓер. Во зависност од интензитетот на бојата која сакате да ја постигнете, ја оставаме Velatura да се засуши пократко или подолго време.
Velatura може да се нанесува во неколку различни нијанси, што може дополнително да ја збогати оваа техника.

КРАЕН РЕЗУЛТАТ