• Спремете ги своите кровни прозорци за зимата во 6 чекори

1. ОДРЖУВАЊЕ НА ДРВОТО

Дрвото е премачкано со заштитен и завршен слој во фабриката и може да се чисти со обични средства за чистење во домаќинството. Мора да се префарба најмалку на секое четири години и кога е потребно.

Прозорците изложени на силна топлина, силна сончева светлина и/или особено високо ниво на влага (на пр. во кујната или во тоалетот) мора да се премачкаат на секои две години.

Одржување на површината: Отстранете го површинскиот слој (лак или боја). Потрудете се површината да биде чиста и сува и нанесете ја основната боја на дрвото. Кога ќе се исуши, нанесете слој на акрилен лак/боја на водена основа (секогаш придржувајте се кон упатствата на произведувачот).

Применете го истиот метод на зафатените површини ако лакот/бојата се исчистени. VELUX нуди комплет за поправка со оригинален лак или боја за поправање.

Кога го третирате дрвото, важно е да ги покриете заптивните гуми за да спречите лакот/бојата да се прелијат на нив, бидејќи тоа ќе ги направи покрути/поцврсти заптивните гуми и ќе го наруши нивниот ефект.

2. Чистење на стаклото

За да го исчистите надворешното стакло, поместете го крилото за 180 степени. Крилото море да се фиксира на место со повлекување на резето за фиксирање во отворот на зарезот во дното на бочниот рам. Оваа безбедносна функција ги ослободува двете раце за чистење.

Стаклото исчистете го со мека, чиста крпа/еленска кожа/неабразивен сунѓер кој не испушта влакна или со чист бришач за прозорец кој нема метални делови. За чистење на стаклото обично е доволна чиста вода. Можете да користите и обични неабразивни средства за чистење во домаќинството. За чистење на стаклата најдобра е меката вода. Затоа во областите со тврда вода, додадете малку детергент за да ја омекнете водата или избришете го вишокот на вода по чистењето.

  • Избегнувајте контакт на силиконот со стаклото
  • Не користете производи за чистење кои содржат абразивни честички
  • Не користете хемиски производи за чистење на стаклото
  • Избегнувајте контакт на стаклото со остри или абразивни предмети вклучувајќи накит
  • Никогаш не пробувајте да ги исчистите нечистотиите на стаклото, без прво да нанесете вода
  • Доколку во близината на стаклото нешто се работи, заштитете го стаклото со чист најлон за да спречите прскање или валкање со агресивни и абразивни соединенија

3. ЧИСТЕЊЕ НА ФИЛТЕРОТ ЗА ВОЗДУХ

Филтерот за воздух може да се извади и да се измие со обични средства за чистење кои се користат во домаќинството. Изротирајте го до крај и фиксирајте го прозорецот во положбата за чистење, а потоа извадете го филтерот од држачот за филтер.

Новите филтри се достапни кај компанијата VELUX и можат да се купат преку сервисот VELUX како дел од сетовите за одржување (ZZZ.220).

4. Чистење на обвивката

Листовите и останатите наноси би требало да се отстрануваат околу и под обвивката на прозорецот еднаш годишно за да се обезбеди слободен истек на дождовницата.

5. СНЕГ И ЛЕД

Во областите со подолги ладни периоди во кои снежните врнежи се обемни, на кровот можат да се акумулираат големи количини на снег и лед и вашите VELUX кровни прозорци можат да бидат покриени со снег и лед подолго време.

Кога температурата ќе порасне, прозорецот често ќе биде едно од првите места на кои снегот и ледот почнуваат да се топат.

Важно е да се обезбеди водата секогаш да може да се одлева од кровот и од олукот околу него.

6. Кондензација

Кога на стаклото на вашите прозорци ќе се формира кондензација, тоа треба да го сфатите како знак за предупредување дека треба почесто да проветрувате. Редовното проветрување е најефикасен начин да се спречи кондензирање на водата на стаклата на прозорците.

Ограничете ја количината на влагата:

  • Доколку е можно, не ја сушете облеката во куќата.
  • Затворајте ги вратите на кујните и бањите.
  • Редовно проветрувајте по пет минути најмалку три или четири пати дневно.
  • Доколку е можно, одржувајте константна температура во просторијата од најмалку 20°C.

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2025. Развиено од My Marketing