• Веќе е воможно да се намали штетната бучава дома и да се постигне оптимална звучна изолација.

Подобра звучна изолација со системот за СУВА ГРАДБА НА КНАУФ

Имате бучни соседи или пак вашите децата сакаат да трчаат и играат дома? Со помош на иновативните системи за изградба на ѕидни и тавански конструкции на Кнауф можете да ја редуцирате штетната бучава дома!

Ходник, спална или дневна соба – секоја соба има посебни барања за звучна изолација, за кои Кнауф нуди соодветна конструкција од гипскартонски или гипсфазерни плочи.

Во зависност од избраниот систем може да се постигне од 9 до 20dB дополнителна звучна изолација во споредба со конвенционалните материјали.

За да се постигне оптимална звукоизoлација, преку менување на составот на гипсфазерната плоча е создадена плочата Vidiphonic.

Гипсфазерната плоча може да се користи како при нова градба, така и при реконструкција на стари градби, како за изградба на преградни ѕидови, ѕидни облоги, меѓустанбени прегради, така и за зајакнување и обновување на меѓустанбените преградни ѕидови и подобрување на квалитетитот на масивните ѕидови преку ѕидни облоги.

Денес со модерната технологија може да се постигне брза изградба на ѕидови и тавани. Кнауф системите создаваат исклучителна удобност и еколошка чиста средина за живот, игри и рекреација, мислејќи на квалитетите на гипсот како природен регулатор на воздухот во просториите.

Иновативната перфорирана гипсова плоча Knauf Cleaneo Akustik ја регулира климата во просторијата, ги прочистува штетните емисии, нуди домашен комфор, регулирајќи го многу често ехото што се добива при нова градба. Таа има за цел да ги задоволи потребите и барањата на потрошувачите, а имено:

o Звучна апсорпција на вознемирувачки звуци во собата
o Намалување на времето за реверберација
o Зголемување на концентрацијата и ефективноста
o Оптимални услови за одмор
o Почист воздух со намалени емисии

Плочите Cleaneo Akustik се специјално перфорирани што ги претвора во постојано активен филтер. Не и е потребна електрична енергија и работи беспрекорно во текот на целиот живот. Значи, контролата на квалитетот на воздухот може да биде во рацете на секого. Благодарение на зеолитот во нивното јадро Cleaneo Akustik е патентирана плочаа без аналог, одговара на предизвиците на новото време за чиста животна средина.

Системите на Кнауф овозможуваат брзо градење со кое да се добие посакуваната удобност и релаксација дома.

За повеќе информации, посетете ја www.knauf.mk

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2024. Развиено од My Marketing