• Есенски детали во вашето поткровје

Дали и вие сакате есен, особено ваква веќе распостелена? Дали уживате во топлите бои, најава дека природата ќе го “отспие своето”, пред ново будење ?

Доколку е така, тогаш сте на вистинско место – секако дека го сакате поткровјето, нели ?!

Кога се работи за внесување на есен во домот, не треба да се менува целата декорација. Доволно е неколку впечатливи ситници и детали за декорација во есенско руво и дух , за да кажете дека своето поткровје сте го доближиле до природата.

Ние сакаме со вас да споделиме неколку едноставни и ефтини идеи, за кои сметаме дека се остварливи. Веруваме дека исто толку пропуштивме и затоа ги чекаме вашите коментари.

Па да почнеме :

Свеќи во есенско светло

Свеќите можат да бидат идеален сојузник кој во вашето поткровје ќе внесе есенски тонови. на пазарот има многу модели кои може да се комбинираат со било кој декоративен стил, а доколку направите вистински избор, овие детали ќе направат да се опуштите во својот дом по напорниот ден со есенски мотиви и топла светлина.

Време е за шишарки

Признајте, кога некој ќе спомне “шишарка” веднаш помислувате на есен и зима. Сега веќе можеме да најдеме суви, може да ги користиме како декоративен детал и некое ќоше во поткровјето да го разубавиме со ова есенска магија.

Маса за ручање во есенски стил

Доколку сакате масата за ручање да ја украсите со цвеќе, есента ќе направи некоја поинаква декорација. Само одберете соодветни растенија со бои на есен. Естетиката на масата може да ја ускладите со вкусот во чинијата, па ви препорачуваме чорба од тиква. Секако , пријатен ручек !

Суви лисја

Сувите лисја и гранки може да постигнат силен и впечатлив декоративен ефект. Поради тоа, доколку имате вазна во куќата – а сите имаме барем една – може да ја наполниме со суви лисја и гранчиња или со исушено цвеќе.

Венци во есенски дух

Венчињата направени од лисја и суви гранчиња се убав и ефтин начин да влезе есен низ вратата на вашето поткровје, или да украсите барем еден sид во овој стил. Споделивме неколку примери како инспирација, но кога ќе отидете во прошетка низ природата, ќе ви надојдат уште многу други идеи.

Останати декоративни детали

Кога ќе кажеме “останати”, мислиме на аксесоарите од текстил кои можат да се најдат во продавници за домашна декорација. Не мора да трошите премногу пари да го внесете шармот на есента, доволни се пар детали: перничиња, прекривки или кујнски крпи со есенски мотиви.

П.С. Бидејќи есента не влегува во нашиот живот само низ бои, туку и низ звуци, наш совет е понекогаш да го збогатите поткровјето со некоја композиција на Вивалди , како што е “Есен”.

YouTube

Извор: Hogarmania

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2024. Развиено од My Marketing