
Со донесувањето на одлука да се пренамени функцијата на ненаселениот подпокривен простор во место за живеење, секогаш се соочуваме со дилемата дали да ја оставиме видлива дрвената подпокривна конструкција или да изградиме сеопфатен спуштен таван, подобрувајќи ги топлотехничките квалитети на просторијата.
Кнауф нуди неколку системски решенија кои ќе ви дадат максимална слобода при изградбата на таванот во подпокривниот простор, а широката палета на носечки елементи придонесуваат во случаите кога има потреба од суспензија на сериозни товари.
Во подпокривниот простор стандардно се прави обшивка на таваните врз дрвена конструкција. Монтажата се прави преку вкрстена скара на две нивоа од дрвени летви, кон која може да се монтираат како стандардните гипс плочи Кнауф, така и погустите гипсфазерни плочи.
Освен на конструкции од дрво, спуштен плафон може да се изгради и на метална конструкција. Конструкцијата може да е на едно, но и на две нивоа. Изборот на ниво е директно поврзан со достапната висина на просторијата – при ниски простории не се препорачува конструкција на две нивоа, поради губење на простор. Дали конструкцијата е од дрво или метал, тоа не ве ограничува во изборот на типот на плочи, кои ќе ги користите при обложувањето.
Кнауф Плочите се одликуваат со бројни карактеристики. Покрај совршено рамната површина, Вие добивате просторија заштитена од оган, како и просторија заштитена од влага, добивате здрава внатрешна клима и добра акустика; не и на последно место со плочите Кнауф можете да ги реализирате своите дизајнерски идеи , како и да направите различни форми како на таванот, така и на ѕидовите.
Изградбата на таван во секоја еднаслична просторија бара да бидат разгледани спецификите, токму затоа Кнауф нуди целосна техничка поддршка при имплементација, како на големи, така и на помали објекти.
Повеќе информации и технички детали може да најдете на www.knauf.com.mk
Сакате таванот да го претворите во удобна дневна соба?
