Кога зборуваме за традиционални и веќе испробани градежни материјали, факт е дека гипсот оправдано зазема посебно место.
Со обзир дека е без мирис и не предизвикува создавање на штетни честички, јасно е дека се работи за еколошки материјал кој не штети на луѓето и околината.
Не случајно меѓу производите од гипс посебно место заземаат гипсените малтери. Овие производи имаат многубројни предности кои делумично се обезбедуваат со правилна примена на материјалот.
Што се гипсени малтери и каде наоѓаат примена?
Прашкасти габрички подготвени производи кои после мешање со вода се нанесуваат рачно или машински на ѕидови и тавани.
Бидејќи гипсот е хигроскопичен, овие материјали се наменети за внатрешна употреба.
Можат да се применуваат на гитер цигла, цигла, поробетон, бетон и т.н.
Предности на материјалите од гипс
- Паропропустлив материјал + регулатор на микро клима
Дишењето на ѕидовите овозможува собирање на влагата од воздухот, како и пуштање на истата кога влажноста во просторијата е намалена. На овој начин се регулира микро климата, со што просторот станува поудобен за живеење.
Факт е дека четиричлено семејство во текот на денот произведува околу 20 л водена пареа (со дишење, готвење, сушење на алишта, туширање…). Просторија со големина 3 х 4 м може да прими околу 234л вода на дебелина на малтерот од 1 см и по потреба да ја врати назад.
- Добиваме површина која не треба да се глетува
Гипсениот малтер е единствен производ со кој истовремено малтерисуваме и глетуваме. Карактеристиките на материјалот ни овозможуваат да изведеме Q4 квалитет на завршна обработка, односно површините да исполнуваат и највисок степен на мазност.
Истовременото малтерисување и глетување со усогласено време за обработка ни овозможува да глет масата, добиена од малтерот со филцање, ја втиснуваме во полуцврстата површина на малтерот. На овој начин се добива идеално рамна и мазна површина која нема потреба да се пили. Така се избегнува дополнителното создавање на прашина, се скратува времето за работа, а квалитетот на завршната обработка се подига на повисоко ниво.
Безбедноста е секогаш на прво место. Како незапалив материјал со класа на запаливост A1, вие и вашиот објект сте побезбедни.
Кога се стремиме кон енергетски ефикасен објект, овој материјал е одличен избор. Во прилог на своите бројни предности, поради неговата специфична густина, исто така, обезбедува подобра термичка и звучна заштита.
Поради својата електрична неутралност, не привлекува микрочестички од воздухот и не задржува прашина на неговата површина.
Како таков, е компатибилен со секој внатрешен прајмер, боја и PVA, дисперзивни и цементни лепила, што го прави универзална поддршка за секој декоративен слој.
Познато е дека хидроизолацијата се врши во бањите, без оглед на типот на материјалот. Ништо не е различно со гипсените малтери. Со соодветна примена на хидроизолација, малтерот е одличен супстрат за лепење на плочки.