• „ОД УТРЕ“ ТАВАНОТ ТРЕБА ДА Е ТЕРМОИЗОЛИРАН И ДА МЕ ЗАСOЛНИ

ВАЖНИ ФАКТОРИ ЗА ДОБРАТА ТЕРМОИЗОЛАЦИЈА НА ПОДПОКРИВНИОТ ПРОСТОР

Поправките при трансформирање на неупотребливиот подпокривен простор во пријатно и убаво поткровје бараат време за планирање, за избор и купување на материјали, како и време за извршување.

Но, да си признаеме – дали поради околностите кои објективно не спречуваат, брзиот ритам на живот или пак поради привлечноста кон адреналинот од бркање на кратки рокови, не е исклучено да паднеме во ситуација кога треба брзо и лесно да преминеме низ гореспоменатите три фази од реновирање на поткровјето.

Во таков момент преферираме да се расправаме со помалку детали, со јасна информација што да ни помогне при земањето на решение при изборот на материјали и да користиме производи кои максимално ќе ја олеснат нашата работа.

Што гарантира добра термоизолација на подкровниот простор:

1. Подпокривно конструктивно решение и избор на подпокривни мембрани со кои ќе се обезбеди заштита од конденз во структурата на покривот и истекување на топлината од просторот надвор преку зимата и обратно – навлегување внатре – преку летото.

2. Правилниот избор на термоизолациски материјал – освен со одлични термоизолациски карактеристики, тој треба да прошушта пареа, да е долготраен, звучно да изолира и да е незапалив – класа по реакција на оган А1, за да е заштитено од пожар вашето поткровје.

3. Правилен избор на термоизолациски производ.

4. Утврдување на дебелината на слојот за топлинска изолација, кој ќе ги задоволи барањата од Правилникот бр. 7 за енергетска ефикасност на зградите – U (топлинска преносливост) ≤ 0,25 W / m2K за наклонет покрив над загреан подпокривен простор наменет за живеење.

5. Правилни и прецизни монтажни дејности.

Кај “Паник ситуации”, кои бараат брзо донесување на решение – за крајниот корисник и поставување на изолација на “лесен начин” – за монтерите, од оваа година Knauf Insulation започна да нуди одличен мултифункционален производ од нова генерација минерална волна специјално развиен за внатрешна апликација на згради – MPN Plus 037.

Минерална волна KNAUF INSULATION MPN Plus 037

Минералната волна MPN Plus 037 е со мултифункционално аплицирање. Таа е погодна, пред сè, за изолација во структурата на наклонети покриви, спуштени тавани и подови на таван – изолација на последната меѓукатна подна конструкција. Производот обезбедува ефективна топлинска, звучна и противпожарна заштита.

Предности на минералната волна KNAUF INSULATION MPN PLUS 037, важни за корисниците:

  • Одлични термоизолациски карактеристики – ʎD=0,037 W/mK
  • Противопожарна заштита – класа по реакција на оган A1, незапалив материјал
  • Високо ниво на звучна изолација
  • Материјал кој не e штетен за здравјето и околината
  • Еластична и издржлива плоча
  • Златен сертификат Eurofins за квалитет на воздухот во затворени простории
  • Базирана на брзо обновливи суровини

Важни предности на минералната волна KNAUF INSULATION MPN PLUS 037 за монтерите:

  • Пријатна на допир
  • Ослободува помалку прашина
  • Еластична и издржлива плоча
  • При виткање не се крши
  • Лесна за сечење
  • Максимално полнење на пространството
  • Лесна и брза монтажа
  • Повеќе квадратни метри во пакувањето

“Со минералната волна MPN Plus 037 се работи лесно и пријатно.“

„При монтажа не сечам толку и работам скоро без загуба на материјал. Лесна работа, брза монтажа и клиентите се задоволни!“

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2021. Развиено од My Marketing