5 совети за уредување на детските соби во поткровјето & Disney ролетни
Постојат многу фактори кога е во прашање уредувањето на детската соба.
Таа треба да биде пријатна, како за игра, така и за одмор. Иако често ограничува, просторот треба да биде универзален и да биде соодветен за различните детски активности. Истовремено, не треба на кој било начин да ја нарушува естетската визија на другиот дел од семејниот дом.
Сега со Disney & VELUX колекцијата од соништата и со модерните ролетни со Disney јунаците, е полесно од кога било да се задоволат овие критериуми.
5 совети за уредување на детските соби:
1. Обезбедете контрола на количината на природната светлина која влегува во собата со ролетните за целосно затемнување, како што се ролетните од Disney & VELUX колекцијата од соништата, за правилен одмор.
2. Креирајте прегледно опкружување со помош на мебелот за сместување на работите кој им е лесно достапен и забележлив на децата.
3. Со креирањето на зона во собата, помогнете му на Вашето дете лесно да преминува од една активност во друга. Ова може да се оствари со различни бои на ѕидовите, тепихот, сликите, ролетните итн.
4. Правилното осветлување е многу важно за целокупната атмосфера во собата. Доброто осветлување создава ведро и пријатно опкружување; светлото за читање покрај креветот овозможува пријатна и релаксирачка атмосфера; светлото на работното биро е неопходно за учење или за цртање; малата ноќна ламба им помага на децата да го пронајдат тоалетот во текот на ноќта.
5. Опкружете ги децата со некои од нивните омилени ликови од приказните или од цртаните филмови и на тој начин поттикнете ја нивната креативност во текот на денот и помогнете им да се чувствуваат сигурно и заштитено во текот на ноќта.
Природната, дневна светлина посебно има големо влијание врз секојдневниот живот на младите луѓе, бидејќи обично го регулира дневниот ритам и дава енергија.
Поради тоа, од многу голема важност е да му понудиме на опкружувањето на децата истовремено енергија и спокојство.
За да овозможиме оптимален одмор на децата, опкружувањето за спиење би требало да биде мрачно, а ролетните од Disney и VELUX колекцијата од соништата нудат целосно затемнување, многу бргу и на едноставен начин – само спуштете ја ролетната и потонете во сон.
Било да е време за учење, игра или приказни за добра ноќ, ролетните од Disney и VELUX колекцијата од соништата Ви помагаат да одржите оптимален баланс на светлината и им овозможуваат на родителите и на децата да решаваат за стилскиот израз на собата и на вкупниот амбиент.
Disney и VELUX колекцијата од соништата ги задоволува највисоките индустриски стандарди, не само во поглед на квалитетот, туку и во однос на здравјето и безбедноста. Новиот дизајн е во согласност со OEKO-TEX® стандардите, кои гарантираат дека нивните компоненти не содржат штетни супстанции или хемиски производи и нудат најсигурен производ.
Сите ролетни од Disney и VELUX колекцијата од соништата поседуваат VELUX Pick&Click™ технологија, која овозможува едноставно вградување. Заменувањето на постојната или првото вградување на ролетната на Disney, или која било друга VELUX ролетна е многу едноставно.