
Одведете ја дневната светлина до секој агол на домот.
Нашите светлосни тунели ги надминуваат сите пречки, користејќи адаптибилна рефлексивна цевка за да ја одведат дневната светлина до секој еден агол на вашиот дом. Ефектот е посветло и поудобно место за живеење.
Радувајте се на променливата светлина
Природната дневна светлина ги оживува внатрешните простори во вашиот дом така, како што обична светилка не може. Уживајте во светлината која се менува во текот на денот и во различни сезони – со светлосениот тунел VELUX.
Природна светлина насекаде под покривот
Можете да го поставите светлосниот тунел VELUX секаде каде има до 6м растојание помеѓу покривот и таванот на просторијата. Ходници, кујни, бањи, спални, ординации – единственото ограничување е Вашата имагинација!
Подобрен дизајн – пократко време за монтажа
Новата генерација светлосни тунели VELUX е со целосно промемета конструкција и многу подобрувања, па инсталирањето сега е побрзо и полесено. Времето за монтажа на цевката е намалено на половина.
Има нешто ново под сонцето.
Два пати побрзо составување
Новиот систем Flexi Loc го намалува суштинското времето за монтажа. Сега се постапува многу полесно од пред со тунелот со флексибилна цевка – веќе има можност и простор за движење и прилагодување за време на инсталацијата, плус дополнителна стабилност, поради начинот на составување на поединечните делови. Не е потребно да се пробиваат дупки или да користите лепила – едноставно ставете го секој дел на неговото место.
Не е потребно да се качувате на таванот
Новата конструкција на надворешното тело овозможува брза и лесна инсталација од покривот – едноставно спуштете го светлосниот тунел одозгора. Веќе не треба да влегувате во таванот, што понекогаш е многу тесен или воопшто недостапен.
Лесен за монтажа и за чистење
Светлосниот тунел VELUX е полесен за монтажа, поради составувањето на елементите преку нарезници на резба. Кога завршите, едноставно зашрафете ја цевката на место. И како дополнителен бонус и чистењето е полесно, бидејќи цевката можете да ја разшрафите и зашрафите повторно.
Радувајте и се на променливата светлина на денот
Природната дневна светлина е динамична – таа ги оживува внатрешните простори во вашиот дом така, како што обична светилка не може.
Внесете ги освежувачките пролетни зраци во аглите, каде што не сте и помислиле дека е можно и дозволете му на летното сонце да го преобрази домот на најдобар можен начин. Не станува збор само за сончевата светлина. Секоја промена во времето ја прави собата уникатна и “жива”.
Од вообичаеното кон неверојатното со EdgeGlow
Новиот светлосен тунел VELUX со дифузно стакло доаѓа со EdgeGlow – ринг од проѕирно стакло, со кој се постигнуваат впечатливи светлосни ефекти. EdgeGlow подобро ја распрснува светлината во собата, како да свети, овозможувајќи да уживате во менувањето на дневната светлина како никогаш досега. Само светлосните тунели VELUX се опремени со EdgeGlow.
Сакате таванот да го претворите во удобна дневна соба?
