Пет полесни чекори до здраво поткровје
Најголемиот број на градби се реновира од функционални и од енергетски причини, но има и други подеднакво важни предности на кои треба да се фокусира во адаптацијата и во градењето на проектот – како што се здравјето, благосостојбата и удобноста. VELUX групата праша 19 водечки меѓународни експерти што е за нив најважно да се има предвид кога е во прашање адаптацијата или градењето на совршена куќа.
Во 2013 година, VELUX групата собра 19 водечки светски експерти од областа на архитектурата, градежништвото и медицината на 5 работилници, со цел да се дискутира и да се развијат насоки за тоа како да се направи здрав дом. Ова е избор од најважните совети за кои се согласија сите членови на групата.
1. Правилното позиционирање на прозорците е од клучно значење за свежиот воздух
Никој не може да живее без свеж воздух – а истото важи и за вашиот дом. Често не можеме да ги почувствуваме загадувачите на воздухот во нашиот дом, но тие влијаат на нашето здравје и благосостојба. Затоа, нашата куќа треба да ни обезбеди заштита од скриените загадувачи кои се ослободуваат додека готвиме или кои се наоѓаат во градежниот материјал и во мебелот. Со правилното позиционирање на вашите прозорци ќе можете да уживате во предностите на природната вентилација која многу бргу ќе го подобри квалитетот на воздухот во затворениот простор на вашиот дом.
2. Вистинско количество на дневна светлина во вистински момент
Будењето со природна утринска светлина, доволно дневна светлина во текот на денот и темница во ноќниот период, се од клучно значење за нашето здравје и удобност. Светлината и темницата се клучни елементи кои ја одржуваат усогласеноста на нашиот внатрешен часовник и го синхронизираат дневниот ритам. Поради тоа, вложувањето во прозорци и во ролетни и обезбедувањето на дневна светлина и темница може повеќекратно да се исплати.
3. Донесете ја природата во вашиот дом
Живеењето во близок контакт со природата го подобрува расположението, создава подобро здравје и го намалува стресот, поради што е потребно да ја донесеме природата во нашиот дом. При градењето на куќата, треба да се земе предвид барем еден отворен или полуотворен простор – како што се терасата, балконот или градината. Другата опција е да се уверите дека станбениот простор ви дава прекрасен поглед на небото и на околината и тоа ја носи природата во вашиот дом.
4. Ослободете го вашиот дом од стресната бучава
Покрај тоа што се извор на иритација, несаканите звуци, како што е сообраќајот, може да предизвикаат стрес и да имаат директно негативно влијание на нашата благосостојба. Следствено, надворешната бучава од гласните соседи и внатрешната бучава од греење/ладење и вентилација треба да се сведат на минимум. Во ноќните периоди, пониското ниво на бучава е дури и неопходно.
5. Преземете контрола на температурата во вашиот дом
Еден од најважните фактори за нашиот внатрешен комфор е избегнувањето на непријатната температура во просторијата. 90% од нашето време го поминуваме во затворен простор, поради што е особено важно температурите во затворениот простор да го следат истиот ритам како и температурите во отворениот простор, кои растат во текот на денот и се намалуваат во текот на ноќта. Нашите тела се создадени да го следат ритамот на надворешната температура, а така и автоматски ќе го постигнеме она што сметаме дека за нас е најпријатна внатрешна температура.