Кнауф Клинео плочите за aкустика и чист воздух
Често луѓето велат дека во правилно изведените поткровни простории е скриена најсилната романтика на домот. Тоа се простории кои треба да се доволно осветлени, добро термички изолирани, а за романтиката најзаслужна е косината на таванот, која создава чувство на скриеност и безбедност, додека во погледот пред нас се простираат покривите на градот во кој живееме. Поглед за уживање, особено во вечерните часови.
Таа косина на таванот значително го намалува волуменот на просторот, а со тоа и количината на воздух кој ние неопходно го користиме и го трошиме. На сето тоа, во тој простор внесуваме нов мебел, дрвени, лакирани елементи, нови подни покривки, електроника, ѕидни бои и лакови, почнуваме да ја користиме новата кујна, а од време на време знаеме и да запалиме по некоја цигара. Сето ова го исполнува затворениот воздух со различни штетни молекули на мириси, TVOC (штетни гасови кои се појавуваат во ентериери), додецен од теписони, триетиламини (мириси) кои се ослободуваат при пржење на риби, формалдехиди од лакови за дрвен мебел и полиуретани, амонијак од фекални материи, бензоли од пушење, како и други штетни материи кои на различни начини доаѓаат во нашите домови.
Дозволете Кнауф да Ве изненади со еден револуционерен производ зад кој стојат години на тестирање и усовршување. Кнауф Клинео плочите кои сте ги слушнале како решение за акустика во просториите. Истите тие ја кријат тајната на Зеолитот. Минералот Зеолит, за кој толку се зборува во последно време и кој светот го познава како најсилен катализатор на процесот на распаѓање на овие штетни материи е во голем процент составен дел од Клинео плочите.
Трајно, оваа плоча, вградена како облога на Вашето поткровје, ќе делува на прочистување на воздухот кој го дишете. Ќе ве брани од она што не сте знаеле ни дека ве напаѓа во мирот на вашиот дом. Вие изберете дезен на перфорација, побарајте екипа стручна за монтажа на плочите, изберете боја за површината дишете со полни гради чист воздух. А без да сетите, од истиот простор ќе исчезне и она досадно ехо, предизвикано од ѕвечкање на чевли по цврстите подни плочки или ламинат, ехото од вашата омилена музика или од тропкањето со есцајгот во трпезаријата, а со вашите гости ќе си поприкажете поразбирливо и со помалку напор.
Изберете од поголемата палета на дезени, т.е. перфорации и трајно решете го комфорот во поткровниот простор.