Денес решивме да ги поделиме со вас впечатоците, размислувања и совети на тема поткровје во функција за работа. Без разлика дали се работи за канцеларија во поткровје, мини студио, или сте решиле едно катче да го прилагодите за работа, нама да згрешите!
Зошто сме толку самоуверни кога ова го тврдиме ? Па, за почеток , овој дел е преполн со дневна светлина. Но, не е важно само количеството, туку една специфика : аголот под кој светлината низ кровните прозори директно паѓа врз работното поле.
Потоа, поткровјето е потивко од останатиот дел од зградата или куќата, А има и тука ” нешто ” што ве влече да се сконцентрирате во некое катче и изолирате и насочите кон размислување или работа. Кога велиме “нешто”, не мислиме на никаква тајна на овој простор, туку се работи за едноставен заклучок дека во изолираниот дел од куќата има помалку вознемирување додека работиме.
Затоа доколку живеете во куќа или дуплекс, или ако незнаете како да искористете просторот под кровот , наш совет е да размислите за работна соба или канцеларија – како ви е поубаво.
1. Изолација
Секако дека неможеме туку така , да направиме од поткровје или таван работна соба. Прво треба да земеме во обзир еден битен фактор, а тоа е температурата во просторот. Обично просториите во поткровје се ладни во зима а жешки во лето, така да мора да сметаме на добра изолација во кровот., како и на столаријата ( прозори и кровни прозори ). Освен споменатата изолација, од срце ви препорачуваме мебелот кој ќе го вградите да биде од природни материјали бидејќи помага да се одржи температурата. Конкретно, секаде каде е можно, од под до плафон користете дрво.
2. Оптимизација
Уште еден заеднички прблем на сите поркровја е искористувањето на ниските делови од просторот, они што се наоќаат под косиот кров. Прво правило : во тие делови ставете елементи кои не ги користите во тек на дневните активности, или подобро кои ги користите поретко. За искористување на овој простор може да ставите комоди или сандаци за складирање или полици за книги или декоративни детали. Немојте сега да кажете дека овие детели се непотребни во една работна просторија, бидејќи секоја просторија за работа е попријатна ако во не има некој убав детал кој не подсеќа на работа.
3. Уживанција
Доколку се решите своето поткровје или таван да го претворите во простор за работа, топло ви советуваме да одберете едно ќоше кое ќе го претворите во читална, само вие и книга, светло топло, мирно, а уште и со добар поглед во кој ќе залутате додека размислувате за прочитаното. аможе да печете дека сте направиле мал рај за читање!
Се надеваме дека овие совети, како и оние неколку примери за канцеларии и работни соби под кров, ве инспирирале да и вие од вашето поткровје направите простор за работа.
Извор: https://decofilia.com/blog/