• 4 СОВЕТИ за СОВРШЕН комфор додека работите од дома!

Последнава година, многумина беа принудени да направат импровизирана канцеларија на трпезариската маса или на софата во дневната соба, видеоконференциите се одржуваа дури и од градината, бидејќи тоа беше единственото мирно место во куќата.
Врз основа на овогодинешното искуство, се чини дека сè поголем број луѓе во иднина ќе работат од далечина, па создавањето функционален работен простор во нашиот дом никогаш не било поважно.
Ако сè уште не сте го нашле вистинското место за работа од дома, треба да размислите за поткровјето како просторија! Дали знаевте дека поради поставеноста, покривните прозорци пропуштаат двојно повеќе светлина во просторијата од вертикалните, фасадни прозорци [1]?

VELUX има неколку совети за лесно претворање на поткровјето во удобна работна соба каде што можете да работите подалеку од секојдневниот шум и бучава:[1] https://www.velux.com/what-we-do/research-and-knowledge/deic-basic-book/daylight/daylight-with-roof-windows-flat-roof-windows-and-modular-skylights

1. Совет: погрижете се собата да има доволно дневна светлина наместо вештачка светлина!

Придобивките од природна светлина за канцелариска работа се проучуваат со години. Светлината е одговорна за поголема продуктивност, креативност, физичка благосостојба и намалување на стресот [2]. Работата на природна светлина ја стимулира способноста за размислување, така што вашите перформанси ќе се зголемат ако работите во светла просторија со доволно дневна светлина. Затоа изборот на вистинската големина и број на прозорци во собата игра суштинска улога кога старата прашлива просторија од поткровјето ќе ја претворите во просторија за работа од соништата!

Доколку имате кровен прозорец стар повеќе од 20 години сместен на поткровјето треба да размислите да го замените. За среќа, тоа е многу полесно отколку што мислите! Мајсторот може да го замени стариот прозорец за само еден ден, но оваа можност е вистинско време да размислите за проширување на просторот под прозорците во просторијата, за да можете ефикасно да работите рано наутро или навечер, без да ги напрегате очите. Два или три покривни прозорци обезбедуваат доволно природна светлина и вентилација на просторијата. Тоа е совршен рецепт за фокусиран, продуктивен работен ден!

[2] Иднo работно место – студио „Искуство на вработени“: https://hbr.org/2018/09/the-1-office-perk-natural-light

2. Совет: создадете здрава внатрешна клима со свеж воздух и добра вентилација

Никој не би размислил за ова, но воздухот во куќата може да биде и до 5 пати позагаден отколку надвор [3], а недостатокот на кислород и свеж воздух лошо влијае на нашата способност да останеме со концентрација. Затоа, се препорачува да се отвораат прозорците и да се проветрува просторијата на секои 3 часа по 10 минути за да се зачуваат когнитивните способности и здравјето.

Животот ќе биде полесен со прозорецот за поткровје на VELUX, бидејќи вентилациската врата на прозорците може да се користи и да обезбеди постојано снабдување со свеж воздух во просторијата – ова може да помогне да се спречат сите досадни симптоми кои се јавуваат доколку нема добар воздух: иритирани очи, главоболка и замор.
[3] https://www.epa.gov/report-environment/indoor-air-quality

3. Погрижете се вашата домашна канцеларија да биде добро изолирана!

Сите се загрижени дека во лето на поткровјето може да биде премногу топло и загушливо, а во зима премногу ладно. Добро е да знаете дека овој страв е неоснован ако ја имате соодветната опрема на прозорецот!

Со внатрешните и надворешните ролетни VELUX, просторијата ќе остане топла во зима и нема да биде премногу топло во лето, за да можете да одржувате удобна работна средина кога работите од дома. Покрај тоа, тие исто така можат да помогнат да се намали потрошувачката на енергија на вашиот дом за греење и за ладење.

4. Удобните услови се важни за добра концентрација – изберете максимална удобност!

Ако мислите дека би било одлично да можете незабележано да ги отворате и затворате прозорците дури и за време на видео повик, не заборавајте дека можете да одберете и подвижни покриви со автоматска контрола и далечински управувач што практично го контролира VELUX ACTIVE! Апликацијата автоматски ги следи квалитетот на воздухот и температурата и обезбедува свежа и здрава внатрешна клима – и станува попаметна секој ден во однос на вашиот дом и преференции.
Apple App Store – https://apps.apple.com/dk/app/velux-active-with-netatmo/id1236761241
Google Play Store – https://play.google.com/store/apps/details?id=com.velux.active
Ако размислувате да ги замените покривните прозорци, планирајте дополнителни или поголеми прозорци; на нашата web страница можете брзо и лесно да најдете решение за вистинската комбинација на прозорци. https://www.velux.rs/proizvodi/krovni-prozori-novo/kombinovana-resenja

VELUX професионалците ќе ви помогнат да го одберете вистинскиот тип на прозорец и да ги најдете најудобните опции за работа, типот на стакло, внатрешноста и завршницата како и додатоците кои го прават вашиот дом уште поудобен!

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2025. Развиено од My Marketing