• Поткровја ли се, библиотеки ли се? Библиотеки во поткровје се.

Поткровја ли се, библиотеки ли се? Библиотеки во поткровје се.

Што е обично најголем проблем кај сите заљубеници во книга, страсни читатели и собирачи на книги? Тоа е моментот кога не знаеме каде да ги сместиме саканите книги. Тоа обично не не  спречува да купуваме и понатака, и само значи дека дојде време да побараме итро решение за дополнително складирање. Потоа следи една убава и корисна акција : адаптирање на простор во поткровје во домашна библиотека! Видете ги овие убави примероци на библиотеки во поткровје.

Предупредување : После читање на овој блог, може ќе добиете желба да го испразните поткровјето и веднаш го преправите во своја лична библиотека и читална.

Многу книги и едно место на кое можеме во секое време да се стуткаме со најзанимливото четиво кое во тој миг најмногу ни треба.

Дали само поради книгите или е до удобата фотења и ламба, но овој тавански простор создава чувство на библиотека… во кои,  на пример, се читаат  делата на германски филозофи.

Книги од под до плафон значи дека со претварањето на поткровјето во библиотека, е вистинска и мудра одлука.

Нема подобар начин да се разбие монотонијата на белилото, од шаренило од книги?!

Малку библиотека ,малку дневна соба. А може и малку брод. Што и да е , овој простор опушта.

Овој простор има електрични вибрации и многу избор  со читање да го изгубите чувството на време.

Во овој простор и децата дефинитивно ќе го засакаат читањето.

Катче за читање, но и за потполна изолација по напнатото секојдневие.

На кого му треба дневна соба кога го има луксуз во вид на таван – библиотека.

Ова поткровје, комбинација на библиотека и канцеларија, представува идеален работен простор.

Колку убаво би било кога сите студенти на располагање би имале ваква читална…

Ем за читање ем за дружба… Оваа библиотека повикува на литературни седенки.

И топлина на дрвото и светлина и топлина на сончевите зраци и желба за читање : каква убавина !

Дали оваа убава библиотека е наша, ние веројатно од неа никогаш не би излегле. И кога кажуваме “веројатно ” , мислиме “дефинитивно”.

Зар немате чувство дека оваа библиотека уште мириса на таван? И ние имаме такво чувство, и поради тоа е волшебно.

Ако оваа библиотека во вас не ја разбуди желбата да од поткровјето направите библиотека, тогаш сигурно ја подстакнаа желбата да земете книга во раце и да почнете да читете. Дали погодивме ?


Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или