• Патот кој е потребно да се помине ...од едно неупотребливо поткровје до место кое им се допаѓа на сите!

Поткровјето е дел од куќата кое многу често се занемарува, доста неоправдано, ова е простор што ни нуди многу дополнително место дури и цел стан за живеење – секогаш може ова да биде популарно! 😊 Сигурно веќе сте слушнале за таков простор..поткровје..нели? 😊
Ова е еден таков пример, мал еднособен стан на поткровје.
Најдобар пример е да видите како изгледаше тој простор пред да стане поткровје:
Идеите на архитектите, дизајнерите на ентериер придонесоа ова занемарено поткровје да добие неверојатна промена, тотално поинаков изглед – сопствениците добија свој стан на поткровје, нивниот стан од соништата!

Внатрешни работи што придонесоа за создавање на совршен ентериер и кои беа водич низ целата идеја беа следниве:
• Целото поткровје е дизајнирано по принцип на “open concept”, што често го слушаме во оригиналниот израз, само еден sид е зачуван во првобитната состојба. Тоа е sид од тули што ја оддели трпезаријата од дневната соба и му даде на поткровјето одредена нота на познат индустриски стил.

• Дизајнерите смело одлучија да користат потемни тонови во комбинација со бои од природно дрво за да го направат поткровјето да изгледа потопло и поелегантно. Што се однесува до нас, тие воопшто не згрешија 😊

• Спалната соба е одделена само со стаклена преграда – што резултираше за тоа просторот да остане светол и да не се „гуши“ од дополнителни sидови.
• Просторот до стаклената преграда во спалната соба беше искористен за да се вметне само една тесна работна плоча – со ”улога” на работна маса – и на тој начин оргиналниот изглед не се промени.

• Кујната е испланирана до најмалите детали со цел да се вклопи со останатиот ентериер – многу скриени ормари и полици, врати кои не даваат изглед на обични кујнски елементи и содржат се што Ви е потребно.

• Две дневни соби: совршен концепт поделен со sид од тули. Тие изгледаат како две посебни приказни, два дизајни кои совршено се вклопуваат во остатокот од ентериерот.

• Местото под сонцето е сместено и резервирано за балконот во ова поткровје: инвеститорите не штедеа кога посакаа поткровјето да биде со богат, свеж воздух, сончева светлина, богат прилив на светлина што овој некогаш мрачен простор, го претвори во совршен дом. Тие ја искористија едната страна за да постават балкон, потоа добија излез од дневната соба и на едноставен начин и без премногу инвестиции и останатите sидови беа завршени, како и поставени сите поткровни прозорци.

Овој стан е типичен пример за тоа како практично кажано, од нешто многу лошо можеме да создадеме идеален простор за живеење. Затоа го споделивме со вас, бидејќи веруваме дека примерите на добра практика ќе Ви олеснат да работите на целта да добиете идеално поткровје. Исто така, сакаме да напоменеме дека иако на овој блог конкретно, немаше посебна референца за важноста на соодветната изолација, овој факт морате да го имате на ум кога го преуредувате поткровјето и кога сакате да добиете бајка во вашето поткровје. 😊

Извор: potkrovlje.ba

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

КРОВЕН ПОКРИВАЧ

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2021. Развиено од My Marketing