Минималистичка декорација, големи дрвени греди, прирородна светлина… Кој не би посакал такво поткровје ! ?
Сигурни сме дека многумина од вас мечтаеле да живеат во романтично, нежно ,удобно и тивко катче. Без разлика на плус – минус неколку недостатоци, кога ќе ги замислите овие атрибути на животниот простор, не може а да не ви текне на поткровје. Косите кровови се знак за равенство за шармантни агли, Velux кровните прозорци се директна асоцијација за слободно небо, а светлината која влегува низ нив е синоним за виталност. А и зошто да не кажеме дека ваков простор често асоцира на интима, приватност и заштитеност.
Во прилог на ова е фактот дека поткровјето повеќе ги привлекува младите парови. Некој може ќе рече : “Како да не, баш поради тоа ! Поткровјата на младите им се привлечни поради цената”, “ќе кажеме дека е и поради цената, но до сега не сме слушнале дека некој заљубен пар бара сместување во високо приземје.
Е па сега кога толку го пофаливме , редно е да ви кажеме дека сме свесни на фактот колку поткровјето не е лесно да се уреди и опреми а да биде практично и убаво. Причина за тоа се неправилни форми кои често представуваат проблем кога е во прашање ентериерот.
Доколку внимателно се осмисли или побарате стручна помош, може да добиете неверојатни резултати. За тоа беше свесен и младиот брачен пар во Виг кој одлучил своето поткровје да го уреди во скандинавски стил, со задржување на главните елементи од декорацијата ; дрво, цигла и светлина.
Тајната на оваа декорација е во нејзината едноставност. Мебелот ги следи правите линии кои се вклопуваат во аглите, со што се добива слободен простор каде им е потребен на станарите , а не како налага конструкцијата.
Многу луѓе мислат дека во поткровјето се губат многу квадрати, но вакво размислување не мора да е точно. Овој млад брачен пар внимавал на висината и нагибот ( кои секако се битен елемент во максималното искористување на просторот ) за да не изгуби ниеден сантиметар .
Природно светлината е од суштинско значење за добар живот во поткровје. Во овој случај , светлината влегува низ Velux прозорите, и се задржува благодарејќи на белите sидови и плафонот. Првата улога на прозорите е да обезбеди светлина , но со оглед на климата во Виг, битно е да прозорите имаат и топлотна изолација, бидејќи никој не сака да биде препуштен на милост и немилос на екстремните температури.
Следејќи ја линијата на природната светлина, боите и декорот карактеристичен за скандинавскиот стил, во поткровјето се наоѓаат одредени декоративни елементи кои асоцираат на свежина, природа и живост во домот. Конкретно мислиме на зелениот тепих кој симулира трева и на растенијата по гредите и мебелот.
Ако нас не прашате , овој брачен пар оформил совршено поткровје за своите први заеднички денови.